Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Мадона и Мајкл Џексон кусо време биле во врска

Шоубиз

Мадона и Мајкл Џексон кусо време биле во врска

Малку познат факт е дека музичките ѕвезди Мадона и Мајкл Џексон, кои за многумина се уште важат за кралица и крал на поп музиката, во минатото кусо биле во љубовна врска.

Но, посочни и попикантни се деталите за тоа како поп дивата ја прекинала таа романса – го критикувала на ТВ шоу. Џексон не можел да ги поднесе јавните критики кон него, па тоа довело до распад на нивната врска, открива неговиот долгогодишен пријател Фло Ентони.

За што се работи? Мадона во ТВ интервјуто изјавила дека се труди да го измени стилот на својот сакан, односно да „го ослободи“ од копчињата по кои тој беше препознатлив во доцните 80-ти и 90-те години од минатиот век.

Џексон доста лошо ги прифатил тие забелешки. По тоа нејзино појавување на ТВ, тие практично никогаш не се смириле, истакнува изворот.

Пејачката подоцна изјавуваше дека таа, а не „срамежливиот Мајкл“, всушност била иницијатор на врската.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.