Шоубиз
Мадона во болница – ја откажа светската турнеја
Поп иконата Мадона итно е хоспитализирана поради тешка инфекција.
Нејзиниот менаџер и продуцент Гај Осеари и соопшти на јавноста дека пејачката моментално е на интензивна нега.
„Во саботата, на 24 јуни, Мадона се зарази со сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневна интензивна нега. Нејзината здравствена состојба се подобрува, но се уште е под лекарска нега и се очекува целосно закрепнување. Во овој момент ќе мора да ги паузираме сите обврски, меѓу кои е и турнејата. Ќе споделиме повеќе детали со вас веднаш штом ќе ги имаме, вклучувајќи го и новиот датум за почеток на турнејата и одложените концерти“- напиша нејзиниот менаџер, Гај Осеари.
Роднина на музичарката изјави дека таа била премногу посветена на организирањето на турнејата и дека недоволно се грижела за здравјето.
„Во изминатите неколку дена, никој не знаеше во која насока ќе се сврти ова и нејзиното семејство се подготвуваше за најлошото. Поради тоа се чуваше во тајност од саботата. Сите веруваа дека е можно да ја изгубиме и тоа беше реалноста на ситуацијата“ – рекол блискиот извор за „Дејли Мејл“.
Станува збор за турнеја која требаше да започне на 15 јули во Ванкувер, а ќе продолжи во 34 други градови. Под името „Madonna: The Celebration Tour“, таа требаше да ги одведе фановите на уметничко патување низ четири децении, во кое пејачката ќе му оддаде почит на Њујорк, каде што започна нејзината музичка кариера.
Соработниците на Мадона повикале на итен состанок на кој одлучиле да ги одложат сите нејзини настапи, поради страв дека нема да преживее.