Шоубиз
Марго Роби е бремена со првото дете
Холувудската ѕвезда Марго Роби го очекува своето прво дете!
Актерката и продуцент на „Барби“ беше забележана на езерото Комо, Италија со нејзиниот сопруг Том Акерли на 7 јули.
На фотографиите објавени во американските медиуми, популарната „Барби“ може да се види како гордо го покажува својот мал, но видлив труднички стомак. Актерката, која има три номинации за Оскар, изгледа расположено, со гол стомак, додека се качува на брод за време на одмор на езерото Комо со својот сопруг.
По папарацо фотографиите, магазинот „People“ ги потврди гласините дека Марго е бремена. Засега не е познато во кој месец е актерката, а го немаат откриено ни полот на бебето.
Нејзината бременост доаѓа само околу една година по виорниот успех на филмот „Барби“. Роби беше силно вклучена во оживување на проектот – служејќи како ѕвезда и продуцент – и подоцна позираше за книгата инспирирана од Барби од нејзиниот стилист Ендрју Мукамал за нејзината облека за промотивната турнеја за филмот. Филмот заработи повеќе од 1,4 милијарди долари од почетокот на прикажувањето.
Марго и Том прв пат се запознале во 2013 година на снимањето на филмот „Suite Française“, каде тој беше асистент на режија, а актерката ја имаше главната улога. Тие започнале да се забавуваат во 2014 година и се венчале на приватна церемонијаво Австралија во 2016 година.