Шоубиз
Марк Цукерберг сурфа во смокинг во вирално видео по повод 4-ти јули
Марк Цукерберг на необичен начин го прослави Денот на американската независност.
Сопственикот на Мета објави видео како сурфа облечен во смокинг со американско знаме во едната и пиво во другата рака.
„Среќен роденден Америка“, рече тој додека во позадина свири „Born in the U.S.A.“. Во видеото тој носи и Meta Ray-Ban очила, гаџет дизајниран од Мета. Тој го објави видеото на Фејсбук и Инстаграм, најголемите социјални мрежи на Мета и предизвика илјадници коментари.