Шоубиз
Машин Ган Кели си скрши чаша од глава па крвав продолжи да пее: Реакцијата на Меган Фокс стана вирална
Музичарот Машин Ган Кели (32) целосно полудел среде концерт во Медисон Сквер Гарден. Бил фатен како вика на член на екипажот и како крши гитара. По настапот се забавувал во клуб каде се удрил по глава со чаша шампањ.
Имено, на афтержурката Машин Ган Кели толку се внесол во својот говор така што во еден момент си скршил чаша шампањ од главата, по што извикал: „Ме заболе“, па продолжил да пее.
По инцидентот, на интернет кружи видео од реакцијата на тоа однесување на неговата избраничка Меган Фокс (36).
NOW WHY WOULD HE DO THIS?!?!?? ?? Machine Gun Kelly shared aftermath of him breaking glass on his forehead ? pic.twitter.com/DVHIaRrOAz
— Power 106 (@Power106LA) June 29, 2022
Меган внимателно го гледаше својот вереник, но во моментот кога тој си ја повреди главата, таа во шок ја покри устата со раката, а потоа ја стави раката на неговото рамо.
@thetcup
Така раскрвавен, раперот продолжи да пее додека крвта му капе по лицето. Неговите обожаватели најмногу ги шокираше фактот што тој следниот ден се појави во иста облека и покажа исушена и крвава рана.