Машин Ган Кели за „Вог“ откри нови бизарни детали за свршувачката со Меган Фокс
Според Машин Ган Кели, „Љубовта е болка!“
Тоа го изјави раперот и актер за Vogue во заедничкото интервју со неговата нова вереница, актерката Меган Фокс.
-Тоа е чистокрвен колумбиски смарагд, необработен. Само беше издлабен во солза, директно од рудникот. А дијамантот беше директно од Стивен Вебстер. Концептот е дека прстенот може да се расклопи за да направи два прстени. Кога е заедно, се држи на место со магнет. Значи, гледате како се спојува? И тогаш формира нејасно срце – рече Кели за уникатниот накит на Фокс.
-Овие две срца всушност се споени со трње. Па така, ако се обиде да го извади, тоа ќе ја боли – објаснил раперот и додал дека љубовта боли.
Актерката Меган Фокс (35) и раперот Машин Ган Кели (31) се верија неодамна во Порторико, на истото место каде што се заљубиле. Актерката објави видео од моментот на запросувањето, а под објавата напиша опширен опис во кој истакна дека свршувачката ја прославиле со „пиење крв еден од друг“.