Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Меган Фокс и Брајан Остин Грин официјално се разведоа: Таа се вери за рапер, а актерот чека дете со друга

Шоубиз

Меган Фокс и Брајан Остин Грин официјално се разведоа: Таа се вери за рапер, а актерот чека дете со друга

Меган Фокс и Брајан Остин Грин официјално се разведоа: Таа се вери за рапер, а актерот чека дете со друга

Актерката Меган Фокс (35) и Брајан Остин Грин (48) конечно се разведоа по две години бракоразводна парница.

За време на разводот Меган започна емотивна врска со музичарот Машин Ган Кели (31), со кого се вери пред еден месец. Додека пак поранешниот сопруг на Меган, актерот Брајан Остин Грин, исто така ужива со својата нова партнерка Шарн Бургес. Двојката го очекува своето прво заедничко дете.

Меган покрена постапка за развод во декември 2020 година, откако изјави дека има непомирливи разлики што довеле до нивна разделба. Речиси една година подоцна, поранешните сопружници поднеле барање за развод, но доцнело финализирањето на тужбата бидејќи судијата им ја вратил документацијата што „не ја пополниле правилно“. Брајан за странските медиуми потврди дека тие всушност раскинале во 2019 година.

– Таа секогаш беше искрена со мене и јас секогаш бев искрен со неа. И знам дека тој секогаш ќе ме сака и знам, што се однесува до семејството, она што го изградивме е навистина посебно. Затоа решивме да се погрижиме да не го изгубиме. Без разлика на се, секогаш ќе бидеме пријатели и обединети поради децата – изјави Брајан.

Парот се венчаше во 2010 година и заедно имаат три деца Ноа (9), Боди (7) и Џорни (5), а од раскинувањето пред речиси две години и двајцата пронајдоа нови љубови.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.