Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Меган Фокс и Кортни Кардашијан во заедничка фотосесија за брендот на Ким

Шоубиз

Меган Фокс и Кортни Кардашијан во заедничка фотосесија за брендот на Ким

Меган Фокс и Кортни Кардашијан во заедничка фотосесија за брендот на Ким

Нивната популарност, но и одличниот изглед, ги искористи Ким Кардашијан која овие две атрактивни дами ги ангажираше во кампања за новата колекција на својот бренд „Skims“.

Меган Фокс и Кортни Кардашијан од неодамна станаа пријателки, а јавноста сеуште го коментира нивното појавување на MTV наградите заедно со нивните момчиња, музичарите Машин Ган Кели и Тревис Баркер.

На социјалните мрежи на брендот Skims, како и на приватните профили на Меган и Кортни, објавена е серија фотографии на кои позираат во провокативни изданија.

Меган и Кортни позираат во топлес изданија, прикривајќи ги градите со рацете, облечени во идентична долна облека од новата колекција на Skims.

Социјалните мрежи се преполнија со позитивни коментари за нивниот изглед, но и Ким доби признание дека е ова одличен маркетинг потег за нејзиниот бренд.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.