Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Мет Гала 2023: Ѕвездите се собраа во чест на Карл Лагерфелд

Шоубиз

Мет Гала 2023: Ѕвездите се собраа во чест на Карл Лагерфелд

Светот на модата повторно се собра во Њујорк на Мет Гала – оваа година тема беше покојната модна икона Карл Лагерфелд.

Настанот, познат по списокот на гости преполни со ѕвезди и екстравагантни облеки, вклучуваше многу бисери и црно-бели аутфити во чест на дизајнерот.

Настанот за собирање средства за Институтот за костими во Музејот на уметност Метрополитен, на кој може да се присуствува само со покана, беше домаќин на околу 400 гости.

Пејачката Дуа Липа, актерката Пенелопе Круз, пензионираната тениска ѕвезда Роџер Федерер и писателката Михаела Коел беа поканети да бидат годинашните копретседавачи на настанот, заедно со главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.

Почестена беше и мачката на Лагерфелд. Доџа Кет и Џаред Лето облечени како Шупет.

За овогодинешната тема – „Карл Лагерфелд: линија на убавина“ – од присутните беше побарано да носат облека „во чест на Карл“.

Со децении, Лагерфелд беше на чело на некои од најголемите модни куќи во светот, вклучувајќи ги „Шанел“ и „Фенди“.

Две ѕвезди, Карли Клос и Серена Вилијамс, ја искористија ноќта како можност да ја објават својата бременост.

Ријана и партнерот Ејсап Роки последни пристигнаа на црвениот тепих. Пејачката го покажа трудничкиот стомак во креација на „Валентино“, додека Роки носеше „Гучи“.

Погледнете што носеа некои од ѕвездите на овогодинешната Мет гала:

https://www.instagram.com/p/CruH7cvpSJZ/

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.