Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Мет Гала 2025: Познати се темата, кодексот на облекување и организаторите

Шоубиз

Мет Гала 2025: Познати се темата, кодексот на облекување и организаторите

За овогодинешната Мет Гала се подготвува нешто поинакво. Темата на изложбата „Superfine: Tailoring Black Style“ беше најавена пред неколку месеци, а сега е откриен и официјалниот кодекс на облекување – „Tailored for You“.

Дрес-кодот „Tailored for You“ е усогласен со темата на изложбата и ќе се фокусира на машката мода. Организаторите го опишаа како „намерно осмислен за да обезбеди насоки, но и да остави простор за креативно толкување“.

Маркетинг

Во официјалното соопштение се објаснува: „Инспирирана од книгата на Моника Л. Милер од 2009 година „Slaves to Fashion: Black Dandyism and the Styling of Black Diasporic Identity“, изложбата ќе понуди културно и историско истражување на црниот дендизам – од неговото потекло во Европа за време на ерата на просветителството во 18 век, до неговите модерни верзии во светските метрополи како што се Лондон, Њујорк и Париз“.

Што е Мет Гала?

Мет Гала не е само гламурозен хуманитарен настан – тоа е културен феномен кој ги комбинира модата, уметноста и светот на познатите личности, фасцинирајќи милиони луѓе секоја година. Се одржува секоја година во Музејот на уметноста – Метрополитен во Њујорк и истовремено служи како платформа за презентација на најновите модни визии и како прослава на изложбата на Институтот за костими во музејот.

Мет Гала 2025 година ќе се одржи во музејот Метрополитен во традиционалниот прв понеделник во мај, кој оваа година е на 5-ти мај.

Домаќини на овогодинешната Мет Гала се Фарел Вилијамс, Колман Доминго, Луис Хамилтон, АСАП Роки и Ана Винтур, додека Леброн Џејмс ќе биде почесен ко-домаќин.

Овогодинешниот организациски комитет ќе вклучи некои од најголемите имиња во модата, уметноста и спортот, вклучувајќи ги Андре 3000, Чимаманда Нгози Адичи, Грејс Велс Бонер, Симон Бajлс и Џонатан Овенс, Џордан Кастил, Дапер Дан, Доечи, Ајо Едебири, Едвард Енинфул, Џереми О Харис, Бренден Џејкобс-Џенкинс, Рашид Џонсон, Реџина Кинг, Спајк Ли и Тоња Луис Ли, Одра Мекдоналд, Џанел Монае, Џереми Поуп, Ангел Рис, Ша’Кари Ричардсон, Оливие Рустинг, Тајла, Ашер и Кара Вокер.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.