Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Многумина се убедени дека оваа жена е љубовница на принцот Вилијам: Која е Лејди Роуз Ханбери?

Шоубиз

Многумина се убедени дека оваа жена е љубовница на принцот Вилијам: Која е Лејди Роуз Ханбери?

По хаосот со фотошопираната фотографија на Кејт Мидлтон, која Кенсингтонската палата ја објави за Денот на мајката, протече нова фотографија од папараците, на која се гледа како принцот Вилијам го напушта замокот Виндзор, а до него во автомобилот е и неговата сопруга Кејт.

Таа гледа низ прозорецот во далечината, поради што едвај се гледа на половина профил. Освен што оваа фотографија на многумина им изгледа фотошопирано, некои се убедени дека тоа воопшто не е принцезата, туку Сара Роуз Ханбери, за која долго време се шпекулира дека е љубовница на принцот.

Британските медиуми се многу внимателни на оваа тема, но наеднаш почнаа да објавуваат детали од биографијата на маркизата од Чолмондели. Лејди Роуз беше многу пофалена за нејзиниот стил низ годините, пишува Independent.

Таа го привлекла вниманието на голем број кралски настани, вклучувајќи ја и свадбата на принцот и принцезата од Велс, а беше и на крунисувањето на кралот Чарлс III. Тоа не е изненадувачки со оглед на тоа што таа живее на само неколку метри од резиденцијата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во Анмер Хол.

Гласините за нејзината врска со принцот не се нови, тие започнаа уште во 2019 година кога принцот и Сара Роуз, која е блиска пријателка на Кејт, биле видени на романтична вечера. Според некои британски медиуми, љубовниците минатиот ден на вљубените го поминале заедно.

Во 2009 година Роуз се омажи за Маркиз Дејвид Чолмондели (63) и со него има три деца – близнаците Александар и Оливер и ќерката Ајрис, а пред да се породи се занимавала со манекенство во лондонската агенција Storm Models. По десет години брак, двојката се разведе, а фановите се сомневаат дека причината за тоа била аферата со принцот.

Нејзиното семејство и кралското семејство се длабоко поврзани. Имено, лозата на Лејди Сара Роуз Ханбери датира низ генерации на аристократија. Нејзината баба по мајка Лејди Елизабет Ламберт беше една од деверушите на свадбата на кралицата Елизабета Втора.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.