Шоубиз
МОДА ИЛИ ЛУДОСТ: Џејден Смит со „замок“ на главата на црвениот тепих на „Греми“ (ФОТО)
Џејден Смит, синот на Вил и Џејда Смит, на синоќешното доделување на наградите Греми се појави во интересна облека и веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Моден шок на црвениот тепих!
Дваесет и шест годишниот рапер и актер пристигна во црн смокинг од модната куќа „Луј Витон“, но најголемо внимание привлече црниот замок што го носеше на главата!