Момчето на Кортни Кардашијан со нејзина помош по 13 години повторно успеа да се качи во авион
Тапанарот Тревис Баркер (45) се заколна како никогаш повеќе нема да лета со авион, откако преживеа авионска несреќа во која настрадаа четири од шест патници. Тревис се здобил со изгореници од трет степен кои опфаќале 65% од неговото тело.
Поминаа 13 години од несреќата, а момчето на Кортни Кардашијан (42) повторно се качи во авион и реши да ја победи траумата.
Тие беа забележани како излегуваат од приватен авион, со тоа почнувајќи го нивниот одмор во Мексико заедно со Крис Џенер и нејзиното момче Кори Гембл.
Најстарата сестра од кланот Кардашијан му била огромна поддршка за надминување на стравот и траумите, па така Тревис на својот Инстаграм профил објави фотографија со Кортни пред авионот и напиша „со тебе се е возможно“.
Ова дефинитивно не е мал чекор за Тревис, особено кога ќе се земе предвид дека во авионската несреќа преживеа само тој, заедно со уште една личност. Несреќата се случи на 19 септември 2008 година, тој се враќал во Лос Анџелес од настап во Јужна Каролина, и со него во авионот биле и негов пријател, асистентот и телохранителот.
Во интервју со Лари Кинг тапанарот раскажал како на денот на летот неговата ќерка го молела да не заминува на пат и признал како со години чувствувал вина што преживеал.