Момчето на Ким Кардашијан го исмејува Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Во американското хумористично шоу „Saturday Night Live“, комичарот Пит Дејвидсон (28), сега попознат како новото момче Ким Кардашијан (41), се пошегува со ситуацијата во која се најде тенисерот Новак Ѓоковиќ (34).
Во последната епизода ја исмејуваа водителката Лора Инграхам и нејзината емисија на „Fox News“, а го спомнаа и поранешниот американски претседател Доналд Трамп додека на Новак му дадоа хумористична титула.
– Најнеомилен Џокер по Џаред Лето – се пошегуваа на почетокот.
Пит Дејвидсон го глумеше Новак и ја кажа својата страна од приказната.
– Луѓето сакаат да ве симнат од тронот ако сте многу богати или најдобри во тенисот или ако одите на хуманитарен настан со двесте деца и се распаднете од Ковид. Но, некако знам дека луѓето ќе се осврнат на се што се случило и ќе кажат – кому му е гајле – изјави Дејвидсон.
Кејт Мекинон (38), која ја играше Лора Инграхам, рече дека ќе се види себеси на Вимблдон, на што Дејвидсон одговори дека веројатно не алудирал на фактот дека не бил вакциниран против коронавирусот.