Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

MTV филмски и ТВ-награди: Џенифер Лопез не можеше да ги задржи солзите

Шоубиз

MTV филмски и ТВ-награди: Џенифер Лопез не можеше да ги задржи солзите

На познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез (52) ѝ беше врачена наградата „Generation Award“ на овогодинешните филмски и телевизиски награди на МTV (MTV Movie & TV Awards).

На свеченоста што се одржа во Санта Моника ѕвездата се појави во црн фустан со длабоко деколте, креација на брендот Mônot.

Лопез одржа малку необичен говор за време на прифаќањето на наградата при што не успеа да ги задржи солзите.

-Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми го дадоа овој живот. Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми дадоа радост и на оние кои ми го скршија срцето. Оние кои беа искрени и оние кои ме лажеа. Сакам да ѝ се заблагодарам на вистинската љубов и му благодарам на начинот на кој се лажев себеси, бидејќи така знаев дека треба да растам. Сакам да им се заблагодарам на разочарувањето и неуспехот што ме научија да бидам силна. И на моите деца кои ме научија да сакам. Сакам да им речам благодарам на сите луѓе кои ми велеа, в лице или зад грб, дека не можам да го направам ова. Навистина мислам дека немаше да успеам без вас. И знам дека немаше да го направам ова без фановите кои ги гледаат филмовите, вие сте причината поради која сум тука. Ве сакам – рече Лопез во својот говор.

Емотивниот говор на сцената Џеј Ло го заврши со порака за нејзиниот свршеник Бен Афлек:

-Бен и сите дома, чекајте ме за вечера. Ќе бидам дома до седум – рече таа.

Џеј Ло вечерта освои уште една награда за најдобра песна, за „Оn my way”.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.