На Душко му истече забраната за приближување на сопругата Јелена Карлеуша
На 37-годишниот Душко Тошиќ му истече забраната да и се приближува на сопругата Јелена Карлеуша (43), која го пријави за семејно насилство на Божиќ.
Поранешниот фудбалер бил сослушан во полициска станица за православен Божиќ, по што прво доби забрана за приближување во траење од 48 часа, а потоа Првото основно јавно обвинителство во Белград предложило забраната да се продолжи за 30 дена, пренесоа српските медиуми.
Забраната за пристап истече денеска, а сега се чека извештајот на Центарот за социјална работа и изјавата на Јелена.
Јелена на 7 јануари годинава го пријавила сопругот во полиција дека наводно ја нападнал во семејниот дом, иако прво одбила да поднесе пријава против сопругот, а одбила и лекарска помош, но тој бил сослушан. Карлеуша потоа отпатува за Дубаи каде одржа концерт и беше на одмор.
Во меѓувреме, целата јавност шпекулираше дека Јелена и Душко ќе се разведат, но извори блиски до двојката велат дека тоа нема да се случи, а фановите биле изненадени и што Јелена не му го честитала роденденот на Душко, кој го прослави додека таа беше во Дубаи заедно со нивните две ќерки.