Шоубиз
Најголемата поп-ѕвезда на денешницата нема да оди на Мет Гала
Тејлор Свифт нема да присуствува на овогодинешната Мет Гала, која ќе се одржи на 6 мај, потврди магазинот People.
И покрај информациите дека ќе појави на гламурозниот настан, поп-ѕвездата сака да се фокусира на својата претстојна европска турнеја. Нејзиниот фокус се пробите и подготовките за турнејата, која започнува на 9 мај во Париз, а потоа се шири во остатокот од Европа во текот на пролетта и летото.
Свифт веќе шест пати присуствуваше на престижниот моден настан.
Овој месец Тејлор го издаде албумот „The Tortured Poets Department“, кој веднаш стана апсолутен хит. Нејзиниот албум собра милијарда слушања на Spotify за само една недела.
Потсетуваме дека зад Мет Гала стои Ана Винтур, долгогодишната уредничка на американското издание на магазинот „Вог“. Секоја година бројни познати личности се собираат и шетаат на црвениот тепих на музејот Метрополитен во Њујорк, а фокусот секогаш е на нивните креации.