Шоубиз
Најпознатиот „неспособен“ син се пофали со измислена титула: Бруклин Бекам уште еднаш се посрамоти пред милиони
Бруклин Бекам неодамна беше виден во нов скап автомобил, а на видео кое стана вирално на TikTok е прашан како платил за својот нов автомобил – тој даде одговор кој ги насмеа сите.
Откако во последните неколку недели постојано се шпекулира за односите внатре во семејството Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид, Бруклин, се фали со нови луксузни автомобили, но и е мета на потсмев на социјалните мрежи.
Имено, Бруклин неодамна беше снимен како вози автомобил McLaren P1 вреден 1,2 милиони долари, а фотографиите на кои влегува и го вози скапиот тркачки автомобил го обиколија светот и предизвикаа бурни реакции во јавноста. Иако знаеме дека Бруклин е потомок на неговите талентирани и богати родители, како и дека неодамна се ожени со мултимилијардерката Никола Пелц, самиот Бруклин веројатно никогаш во животот не заработил повеќе од неколку илјади долари.
„Неспособниот син на Бекамови“, како што многумина го нарекуваат, се најде на удар критики за тоа како го платил својот нов автомобил. Меѓу другото, тој беше запрен од познатиот Tиктокер и Јутјубер Даниел Мек, кој снима видеа во кои ги пронаоѓа возачи на скапи автомобили и ги прашува како ги заработиле парите за да купат скапи возила.
„Еј, другар! Што работиш ти? Имаш супер кола…“ – го праша Даниел, на што Бруклин одговори:
„Јас сум готвач“
„Готвач си? Навистина? Дали си најдобриот готвач во светот?“ – го праша Даниел.
„Се обидувам да бидам“ – одговори Бруклин.
Видно збунет Бруклин пелтечеше дека е професионален готвач. Како што се очекуваше, милионите следбеници и корисници на TikTok и другите социјални мрежи напишаа голем број коментари во кои имаше критики и потсмевања упатени до Бруклин, бидејќи Бруклин може да биде многу работи, но тој навистина не може да се нарече професионален готвач.
Имено, младиот наследник наводно многу сака да готви и готви аматерски, можеби за неговата богата сопруга која е неколку милијарди долари побогата од него, но никогаш не работел во ниту еден ресторан. Сепак, Бруклин се обиде да се оправда велејќи дека планира да отвори свој ресторан со кујна која ќе подготвува „удобна храна“ во која ужива дома.
По обидот да се етаблира како професионален фотограф, кој неславно пропадна, ова ќе биде втор обид на Бруклин да се стекне со титула.