Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Не сакам да зборувам за Душко, кога ќе заслужи ќе го спомнам“: Карлеуша со ќерките во Дубаи го прославува 44. роденден

Шоубиз

„Не сакам да зборувам за Душко, кога ќе заслужи ќе го спомнам“: Карлеуша со ќерките во Дубаи го прославува 44. роденден

Познатата балканска музичка ѕвезда Јелена Карлеуша денеска, 17 август, го прославува својот 44-ти роденден, а токму по овој повод ги спакува куферите и отпатува на луксузна дестинација со своите ќерки.

Јелена заедно со наследничките Атина и Ника заминаа во Дубаи каде ќе уживаат неколку дена.

Карлеуша снимила и како нејзините ќерки биле пречекани во луксузниот комплекс каде ќе бидат сместени за време на нивниот престој таму, потоа покажала торта во форма на буквата „Ј“, шампањ, како и погледот од милион долари.

Роденденот пејачката ќе го прослави во кругот на најблиските, со ќерките и со човекот кој и е „верен“ со децении и на професионален и на приватен план, Зоран Бирташевиќ.

Во пресрет на нејзиниот роденден, Карлеуша се најде на насловната страна на еден српски магазин каде во интервју отворено говореше за се што ја интригира јавноста.

Карлеуша меѓу останатото откри детали и за разводот со Душко Тошиќ. Како што можеше да се заклучи од една нејзина објава на Инстаграм, таа и Душко не ги предале документите за развод.

– Не поднесовме. Нека пишува кој сака што сака, како и до сега. Ме погодува како слон кога ќе го касне комарец на најдебелиот дел. Никому ништо повеќе нема да објаснувам – изјавила Јелена.

На прашањето дали смета дека претерала кога го објавила соопштението на својот Инстаграм, пејачката јасно одговори:

– Не претерав. Треба да се научи на памет. Немам повеќе години за губење. Или-или е се во мојот живот од сега па натаму. Немам повеќе толеранција. Се изгуби во овие 44 години трпението. На крајот на краиштата, веќе нема да зборувам за Душко. Кога ќе заслужи со нешто убаво, ќе го спомнам. Дотогаш прашајте ме за љубовта кон животните – рекла Карлеуша па се осврна на ќерките Атина и Ника.

– Наскоро ќе наполнат 13 и 14 години, а периодот никогаш не бил потежок за нив и за мене. Се борам најдобро што знам со две девојчиња во пубертет кои многу пристојно го поднесуваат притисокот на славата на нивната мајка. Дома ситуацијата е потешка и стресна, славата е помал проблем. Се борам како лав да ги заштитам и зајакнам – додаде таа.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.