Шоубиз
Недоличното однесување скапо го чини: Канје Вест повеќе не е милијардер
Вчера и официјално беше потврдено дека гигантот за спортска опрема, Адидас, го раскинал партнерството со раперот Је (Канjе Вест) поради, како што се наведува, неговите претходни антисемитски изјави и објави на социјалните мрежи.
Тој пресврт на настаните скапо го чинеше американскиот музичар и дизајнер. По раскинувањето на оваа соработка Форбс објави дека Је веќе не е милијардер.
Магазинот процени дека договорот на Вест со германската компанија е вреден 1,5 милијарди долари и вели дека без него – нето вредноста на раперот паѓа на 400 милиони долари.
За потсетување, „Адидас“ вчера објави дека веднаш го прекинува производството на колекцијата облека и чевли на раперот „Yeezy“ и објави соопштение во кое се наведува дека „не толерира антисемитизам и било каков друг вид говор на омраза“.
Овој потег доаѓа набргу откако агенцијата за таленти CAA се откажа од застапувањето на Вест (45) и филмското студио MRC одлучи да не објавува готов документарен филм за 24-кратниот добитник на Греми. Покрај тоа, модната куќа „Баленсијага“ исто така ја прекина соработката со раперот.
На почетокот на овој месец, профилот на Вест на Инстаграм беше делумно блокиран, а неговиот профил на Твитер беше заклучен, поради објавите кои се сметаат за антисемитски.
Раперот исто така неодамна се појави на модна ревија во Париз облечен во маица со слоганот „White Lives Matter“.
Aftermath of Kanye West’s antisemitic comments:
Adidas cut ties
Balenciaga cut ties
Vogue and Anna Wintour cut ties
Dropped by talent agency, CAA
Dropped by lawyer
Streams, sales & airplay plummeted
Restricted from Instagram & Twitter
Stadium shows cancelled
Documentary shelved pic.twitter.com/D1UiaAG3e9— Pop Crave (@PopCrave) October 25, 2022