Шоубиз
Нејмар го објави раѓањето на втората ќерка
Бразилската фудбалска суперѕвезда, Нејмар, на почетокот на јули стана татко по трети пат.
Тој на Инстаграм сподели фотки од бебето и откри дека таа се вика Хелена и дека е родена на 3 јули.
„Хелена“, напиша тој покрај фотографијата на која се гледа неговиот 12-годишен син Дави Лука, кој го добил кога имал 19 години со тогашната девојка Каролина Дантас.
Нејмар и неговата сега веќе поранешна девојка Бруна Бјанкарди во октомври минатата година станаа родители на малото девојче Мавија. Недолго потоа, Бруна го потврди раскинувањето со Нејмар, откако некое време кружеа гласини дека фудбалерот е неверен.
Имено, бразилските медиуми објавија дека Нејмар уште додека бил во врска со Бруна имал афера со бразилската манекенка и инфлуенсерка Аманда Кимберли. Брзо потоа се дозна и дека Кимберли е бремена, а Нејмар иако бил изненаден, со радост ја примил веста дека ќе добие уште едно дете.
Сепак, фудбалерот побарал да се направи тест за утврдување на татковството за да го признае детето за свое. Па, откако резултатите покажале дека ќерката на Кимберли е и негова, тој објави фотографии од болницата и откри дека сега има три деца.