Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нема да верувате колку години има Теја Дора

Шоубиз

Нема да верувате колку години има Теја Дора

Пејачката Теја Дора е српската претставничка на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Малме, а нејзиниот приватен живот ја заинтригира јавноста. Она што најмногу ја изненади јавноста е нејзината возраст. Кога се појавила на сцената, повеќето мислеле дека се работи за 20-годишна девојка.

Сепак, Теја Дора, чие вистинско име е Теодора Павловска, е родена во 1992 година во Бор на истокот на Србија и има 32 години, иако изгледа исклучително младо. „Изгледа како да има 16 години“, „Да дознаам дека има 32 години е шок за мене“, „Ја викаат дете, но таа има 30+“, пишуваат твитерџиите.

Инаку, завршила музичко училиште во Белград, а потоа станала стипендист на Бостонскиот колеџ, каде студирала пеење. Кога дипломирала, извесен период живеела во Њујорк, а нејзиниот талент дошол до израз и до пошироката публика во Србија.

Теја Дора ќе настапи на Евровизија со песната „Рамонда“. Иако нема многу песни во кариерата, таа има светски хит, со кој не можат да се пофалат многу изведувачи од регионот. Минатата година ја објави песната „Џанум“, која стана врвен хит на TikTok.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.