Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Нема Кен без Барби“: Рајан Гослинг разочаран по номинациите за Оскар

Шоубиз

„Нема Кен без Барби“: Рајан Гослинг разочаран по номинациите за Оскар

Објавени се номинациите за Оскарите, а еден филм крена прашина. Филмот „Барби“ заработи осум номинации, но Академијата не ја номинираше Грета Гервиг, режисерка и сценарист, ниту Марго Роби, главната актерка, додека Рајан Гослинг беше номиниран за најдобра споредна машка улога во филм.

Таа одлука ги разбесни фановите кои ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а изгледа не му се допадна ниту на актерот кој го глумеше Кен.

43-годишниот актер, кој доби номинација во категоријата најдобар актер во споредна улога, во соопштение изјави дека е благодарен за својата номинација, но дека е разочаран што истата чест не ја добиле Марго Роби и Грета Гервиг.

„Екстремно сум почестен што сум номиниран од моите колеги заедно со толку исклучителни артисти во година со многу одлични филмови. Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но исто така неверојатно сум почестен и горд што ја портретирав пластичната кукла наречена Кен.

Но, нема Кен без Барби и нема филм за Барби без Грета Гервиг и Марго Роби, двете личности кои се најодговорни за историскиот, глобално прославен филм. Не би имало признание за никој во овој филм без нивните талент, храброст и генијалност. Потценување е да речам дека сум разочаран што не се номинирани во соодветните категории. Нивната работа би требало да биде призната заедно со останатите заслужни номинирани.“

Сепак, Гослинг додаде дека е „многу среќен“ за Америка Ферера – која доби изненадувачка номинација за најдобра споредна женска улога – како и за другите „неверојатни уметници кои со своите таленти придонесоа да се направи овој толку револуционерен филм“.

Ферера, исто така, рече дека е „неверојатно разочарана“ што Гервиг и Роби не биле препознаени во главните номинациски категории.

Севкупно, филмот за Барби доби осум номинации, вклучително и за најдобар филм.

Да потсетиме, очекувано, филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ доминираше и доби 13 номинации. Следува филмот „Poor Things“ со Ема Стоун со 11 номинации, додека драмата на Мартин Скорсезе „Killers of the Flower Moon“ доби 10. Погледнете ги сите номинации овде.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.