„Нетфликс“ го најави документарецот за Бритни Спирс (ВИДЕО)
Документарниот филм за Бритни Спирс ќе ја има својата премиера на „Нетфликс“ на 28. септември.
– Нема повеќе тајни, нема повеќе тишина – стои во описот на трејлерот за документарецот Britney vs. Spears („Бритни против Спирс“).
Претходно „Нетфликс“ исто така објави и кратко видео за најава на документарецот, видеото трае 18 секунди и всушност гласовна порака која пејачката му ја оставила на својот адвокат во 2009 година.
-Здраво, моето име е Бритни Спирс. Неодамна се јавив и повторно ѕвонам за да бидам сигурна дека сте во тек со процесот на елеминација на старателството… – се слуша во говорната порака.