Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ник Џонас и Пријанка Чопра го открија името на нивната ќерка

Шоубиз

Ник Џонас и Пријанка Чопра го открија името на нивната ќерка

Ник Џонас (29) и Пријанка Чопра (39) го прославија првиот Велигден како родители, а сега го открија и името на нивната ќерка.

Името на малото девојче кое е родено во јануари е Малти Мари.

Познатата двојка продолжува да ги почитува двете свои традиции и со името на нивната ќерка, па оттука избраа санскритско име, како и средното име Мари кое е христијанско. Малти на санскрит значи „миризлив цвет“ или „месечева светлина“.

– Пресреќни сме што можеме да потврдиме дека добивме бебе благодарение на сурогат мајката. Би сакале да замолиме за приватност во ова посебно време за нас. Во моментов целото наше внимание е насочено кон семејството. Ви благодараме многу – напишаа на своите Инстаграм профили по породувањето.

Ник и Пријанка го добија бебето преку сурогат мајка, а пред да ја објави веста за раѓањето, Пријанка во неколку наврати изјави дека сака семејство во иднина.

Чопра и Џонас се запознале во 2016 година кога тој ја контактирал преку Твитер, а се венчаa во 2018 година со тридневна прослава во родната Индија на Пријанка.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.