Шоубиз
Ники Минаж уапсена во Амстердам поради поседување лесни дроги
Американската раперка Ники Минаж е приведена на аеродромот Шипхол во Амстердам во Холандија, објавија локалните медиуми.
Минаж снимила дел од средбата со полицијата и ја објавила на социјалните мрежи.
На видеото, се слуша како полицаецот очигледно и вели на Минаж: „Ти си уапсена“.
– Се обидоа да ме спречат да дојдам на концертот. Ми ги земаа торбите пред да можам да ги видам. Ги ставија во авионот. Сега велат чекаат царина. Вака изгледа кога на луѓето им се плаќаат големи пари за да се обидат да ја саботираат турнејата откако сè останато не успеа. Сè што направија е незаконски – се пожалила таа.
Холандската полиција соопшти дека „41-годишна Американка е уапсена под сомнение дека поседува лесни дроги“, но не го навела името на жената за која станува збор.
„Никогаш не го потврдуваме идентитетот на приведеното лице, но можам да потврдам дека уапсивме 41-годишна жена осомничена дека се обидела да извезе лесни дроги во друга земја“, изјави за AFP портпаролот на воената полиција Роберт Капел.
„Истрагата се уште е во тек“, додаде Капел.
Раперката на социјалната мрежа X напиша дека холандските власти пронашле канабис на аеродромот Шипхол во Амстердам во багаж за кој таа рече дека припаѓал на телохранител.
Спротивно на популарното мислење во странство, продажбата и консумирањето на хашиш, канабис и нивни деривати, кои со децении привлекуваат пушачи од целиот свет, во Холандија не е легално. Досега беше целосно нелегално да се одгледува канабис и снабдување на популарни малопродажни места. Транспортот на дрога во друга земја е сè уште нелегален.
Уметницата наводно се подготвувала да лета за Манчестер на концерт во арената Co-op Live каде што требало да настапи во сабота навечер.