Никол Ричи, ќерката на Лајонел Ричи , си ја запали косата од свеќите на роденденската торта (ВИДЕО)
Никол Ричи, ќерка на пејачот Лајонел Ричи (72) на вистински начин го одбележа и прослави својот 40. роденден. Додека ги дувала свеќите од роденденската торта случајно си ја запали косата.
Ријалити ѕвездата самата го објавила видеото од смешниот момент на нејзиниот Инстаграм профил, но не е познато колкава штета е предизвикана бидејќи видеото трае само неколку секунди.
На видеото, Никол се наведнува за да ги дувне свеќите, но премногу се доближува до нив, па нејзината коса почнува да гори.
-Па … Досега 40 -ката се покажа како огнена – се пошегува Никол на своја сметка.
На шегите во коментари под видеото се придружија и нејзините пријатели и следбеници на Инстаграм.