Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нов славен пар? Том Брејди и Ирина Шајк уловени заедно

Шоубиз

Нов славен пар? Том Брејди и Ирина Шајк уловени заедно

Поранешниот американски фудбалер Том Брејди (45) и познатата манекенка Ирина Шајк (37) се видени заедно. Парот го поминал заедно викендот во неговиот дом во Лос Анџелес, а биле фотографирани и додека се шетаат.

– Ова е нешто ново и во моментов е сосема „кежуал“ – изјавил изворот за Page Six.

Според TMZ, Брејди се нашол со Шајк кај хотелот Бел-Ер и потоа ја однел кај него. Манекенката била забележана како се прикрадува следното утро во 9:30 часот, а подоцна истиот ден, повторно биле фатени заедно.

Инаку, ова е прва романса на Брејди по разводот од манекенката Жизел Бундхен (43), а тој и Ирина наводно се запознале на свадбата на милијардерот Џозеф Нахмад (33) и манекенката Медисон Хедрик (29) на Сардинија.

Инаку, Том и Жизел се разведоа во октомври минатата година на изненадување на целиот свет. Тие беа во брак 13 години, а заедно ги имаат синот Бенџамин (13) и ќерката Вивијан (10). Жизел поднесе барање за развод кога Том се врати од спортска пензија по само два месеци, ставајќи ја својата кариера пред семејството.

Шајк претходно беше во врска со Кристијано Роналдо (38), а нивната петгодишна романса заврши во 2015 година. Две години подоцна, таа ја доби ќерката Леа Де Сеин со Бредли Купер (48), а парот се раздели во 2019 година.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.