Шоубиз
Новак Ѓоковиќ купил два апартмана на Менхетн
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментно се натпреварува во Мелбурн, уплатил два ексклузивни апартмана во њујоршкиот кварт Менхетн, пишува весникот „Волстрит џурнал“.
Ѓоковиќ купил два одвоени двособни апартмана, секој со површина од 185 метри квадратни во Мерзер стрит во јужниот дел на Менхетн, во објект кој го проектирал познатиот архитект Ренцо Пијано.
Директорката за продажба на апартманскиот комплекс, Стејси Шпилман изјави дека српскиот тенисер купил два стана на повисоките катови кои не се блиску еден до друг, што значи дека веројатно немал намера да ги спојува.
Иако Шпилман одбила да открие колку Ѓоковиќ ги платил апартманите, вообичаената цена на становите кои се наоѓаат на повисоките катови почнува од 5,4 милиони долари.