Шоубиз
Новата Мис Универзум е Викторија Кјаер од Данска
Викторија Кјаер од Данска ја освои титулата Мис Универзум 2024 година, со што на својата земја и ја донесе првата победа на ова натпреварување.
Дваесет и едногодишната Викторија, професионална танчерка, претприемач и идна адвокатка, успеа да триумфира во конкуренција на 126 натпреварувачи во финалето што се одржа во Мексико Сити. За време на церемонијата на крунисување, досегашната Мис Универзум, Шанис Паласиос од Никарагва, ѝ ја предаде тијарата, додека нејзините колешки натпреварувачки и дадоа овации.
За прва придружничка е избрана Чидима Адецина од Нигерија, втора придружничка Марија Фернанда Белтран од Мексико, а во првите пет убавици влегоа Сушата Чуангсри од Тајланд и Илеана Маркез Педроса од Венецуела.
Педроса (28) влезе во историјата на натпреварот за најубава жена на светот како прва меѓу петте финалистки која е мајка, бидејќи од минатата година е укината долгогодишната забрана на натпреварот да учествуваат трудници, мајки и мажени жени или оние кои биле во брак.
За прв пат во 72 години колку што трае конкурсот, оваа година можеа да се пријават кандидатки постари од 28 години, па така повеќе од десет финалистки беа постари од претходно дозволеното.
Беатрис Нјоја од Малта е првата натпреварувачка во нејзините 40-ти што стигнала до големото финале.