НОВИ ФОТОГРАФИИ: Анџелина Џоли повторно на гости кај поранешниот сопруг, овојпат со синот
Скандалите кај холивудските ѕвезди не престануваат, а денеска во фокусот е познатата актерка Анџелина Џоли, која била повторно видена како влегува во зградата на поранешниот сопруг Џони Ли Милер, овојпат во придружба на својот син Пакс.
Како што јавуваат американските медиуми, ова е втора посета од страна на актерката во истата недела. Претходно Џоли била забележана како оди кај нејзиниот бивш сопруг на интимна вечера, носејќи вино.
Според нивните пишувања, Џоли е во Њујорк поради прославата на својот роденден, заедно со децата, додека паралелно се уште трае процесот за старателство со поранешниот сопруг Бред Пит.
Џоли и Пакс биле придружувани од нивното обезбедување и наводно поминале околу еден час во зградата на населбата „Дамбо“, во која живее Џони Ли Милер.