Шоубиз
Новинарка со жестоки критики за Селена Гомез: „Таа е нестабилна личност и ја мрази Америка“
Американската пејачка и актерка Селена Гомез повторно е во центарот на вниманието, откако објави, а потоа избриша емотивно видео во кое реагира на депортацијата на мигранти во САД. Видеото предизвика лавина реакции, особено меѓу поддржувачите на Доналд Трамп, а сега на неа жестоко се нафрли и познатата политичка коментаторка Мегин Кели.
Кели: „Селена е нестабилна личност“
Во својот подкаст, Кели жестоко ја нападна пејачката, велејќи дека „секој што се снима како плаче и го објавува тоа е болен“. Таа додаде дека Гомез очигледно е емоционално нестабилна и дека не може да се носи со критиките што ги доби по објавата.