Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објавени номинациите за „Еми“ наградите: „Succession“ и „The Last of Us“ со најмногу номинации

Шоубиз

Објавени номинациите за „Еми“ наградите: „Succession“ и „The Last of Us“ со најмногу номинации

Откриени се номинациите за „Еми“ наградите за 2023 година, а меѓу оние кои добија најмногу номинации се „Succession“, „The Last of Us“, „The White Lotus“ и „Ted Lasso“.

Актерката Ивет Никол Браун, номинирана за Еми, и претседателот на ТВ академијата Френк Шерма, вчера (среда) за време на виртуелната церемонија ги објавија номинациите. За да се квалификуваат за овогодинешните награди, ТВ-емисиите требаше да се емитуваат помеѓу 1 јуни 2022 година и 31 мај 2023 година.

„Succession“ освои најмногу, вкупно 27 рекордни номинации за Еми, а потоа следат „The Last of Us“ со 24, „The White Lotus“ со 23 и „Ted Lasso“ со 21.

Меѓу актерите кои заработија номинации беа Педро Паскал за „The Last of Us“, Џереми Стронг за „Succession“, Квинта Брансон за„ Abbott Elementary“ и Џени Ортега за „Wednesday“.

Седумдесет и петтото издание на „Еми“ треба да се емитува во живо од Peacock Theatre на 18 септември, со церемониите за креативни уметности закажани за 9-10 септември. Домаќинот на церемонијата на шоуто што треба да се емитува на Фокс сè уште не е откриен, но Џеси Колинс, Дион Хармон и Жана Рузан-Клеј треба да го продуцираат телевизискиот пренос. Можно е презентацијата на наградите да биде одложена доколку не се реши тековниот штрајк на асоцијацијата на писателите (Writers Guild of America). Можноста за штрајк на актерите, исто така, се наѕира додека SAG-AFTRA продолжува со преговорите за договор со Алијансата на филмски и телевизиски продуценти.

Целосната листа на овогодинешните номинирани е достапна на Emmys.com.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.