Шоубиз
Од злоупотреба и детска порнографија до сексуална трговија: Еден од најпопуларните пејачи во светот осуден на 30 години затвор
Американската ѕвезда, пејач, текстописец и продуцент Р. Кели (Роберт Силвестер Кели) е осуден на 30 години затвор во њујоршкиот суд затоа што ја искористил својата медиумска популарност и слава за да младите обожавателки, меѓу кои голем број девојчиња, ги изложи на систематска сексуална злоупотреба.
55-годишниот пејач и текстописец минатата година беше осуден за рекет и сексуална трговија на судење кое за прв пат им даде можност на жртвите да проговорат затоа што претходно биле игнорирани само затоа што се Афроамериканки.
Музичарот се соочуваше со обвинувања речиси три децении, но секогаш ги негираше. Но, кога жртвите зборуваа за тоа на телевизија, ситуацијата конечно беше сфатена сериозно. Дури девет жени и двајца мажи го признале сексуалното насилство или понижување кое им го нанел пејачот.
Со текот на годините, Кели беше поврзуван со детска порнографија, сексуални односи со малолетници, злоставување, а се шпекулираше дека тој бил водач на бизарен сексуален култ. Наводно имало грозоморно видео на кое малтретира 14-годишно девојче, по што уринирал додека некој снима се.
Тој држел неколку девојки заробени во домовите во Атланта и Чикаго, но толку многу им го „испрал мозокот“ што подоцна рекле дека сакаат да останат со него. Во неговите вили, мобилните телефони, секако, биле забранети.
Засега помина три години зад решетки, а по судската одлука го чекаат уште 30 години.
Не смееме да го заборавиме и неговиот брак со тогаш 15-годишната пејачка Алија, која загина во авионска несреќа во 2001 година кога имала само 22 години. Тие се венчаа во август 1994 година, а парот користеше лажни документи во кои пишуваше дека пејачката има 18 години.
Интересно е што и самиот контроверзен пејач признал дека бил малтретиран како дете од постар братучед. Американскиот музичар е еден од најистакнатите мажи на кои им се суди за сексуални престапи во рамките на движењето #MeToo.