Шоубиз
Официјално: Бен Афлек и Џеј Ло ја продаваат својата куќа за 68 милиони долари
Бен Афлек и Џенифер Лопез официјално ја ставија својата куќа во Беверли Хилс на продажба.
Нивната палата излезе на пазарот вчера, речиси еден месец откако извор изјави за магазинот „People“ дека Афлек и Џеј Ло сакаат да го продадат имотот.
Парот, кој е во брак од 2022 година, го купи имотот во мај 2023 година за 60,8 милиони долари. Куќата со 12 спални соби и 24 бањи, според огласот, неодамна е реновирана според највисоките стандарди за квалитет. Вклучува бар, теретана, спортски салон, боксерски ринг, терени за кошарка и пиклибол.
Имотот има и гостински пентхаус од 456 метри квадратни, двособна куќа за обезбедување и гаража за 12 автомобили. Има и дополнителен паркинг простор кој може да собере 80 возила. Вилата сега е на продажба за 68 милиони долари.
Познатиот агент за недвижности Џош Алтман, кој не е вклучен во продажбата на домот, откри со што обично се соочуваат славните кога ги продаваат своите домови. „Секогаш има луѓе кои се преправаат дека се потенцијални купувачи само затоа што се возбудени да ја обиколат куќата на позната личност“, вели тој.
„Моја претпоставка е дека пристапот до имотот на Афлек и Лопез ќе биде ограничен. Луѓето ќе мора да докажат дека се квалификувани да ја купат куќата и да покажат доказ за финансиски средства пред да им биде дозволен пристап за гледање“, додаде Џош.
Афлек веќе се исели од скапата вила. “Бен живее во изнајмена куќа во Брентвуд. Таму е веќе околу два месеци. Добро му оди. Секој ден е во својата канцеларија и е фокусиран на работата. Исто така, поминува време со своите деца”, рекол изворот.
Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар. Сомнежите се засилија откако се дозна дека Бен и Џенифер ја продаваат вилата, но сè уште не се огласија. Бен и Џенифер го поминаа разделени 4 Јули, Денот на независноста на САД.