Шоубиз
Официјално соопштение: Шакира и Пике објавија дека се разделуваат
Иако сите се надеваа дека станува збор за гласини, сепак на љубовната врска меѓу Шакира (45) и Жерард Пике (35) и дојде крајот.
Колумбиската пејачка и шпанскиот фудбалер ја споделија веста со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.
-Со жалење потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се нашиот најголем приоритет, ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето – стои во соопштението.
Шакира и Пике имаат две деца кои ги добија за време на нивната 11-годишна врска, а се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна Waka Waka, која беше химна на Светското првенство во 2010 година. Набргу потоа, парот ја потврди својата врска во мај 2011 година, откако заедно настапија на сцената на концертот на Шакира во Шпанија.
Емилио Перез де Розас, новинар во дневниот весник Ел Периодико, беше првиот кој зборуваше за нивното раскинување.
Истиот весник откри и неколку детали за тоа која е девојката со која наводно фудбалерот ја изневерувал една од најатрактивните пејачки во светот. Имено, тие тврдат дека Пике бил со 20-годишна русокоса девојка и дека била студентка која работела како хостеса во Барселона. Пике наводно неколку пати бил виден со неа, а Шакира сега дознала за нивните средби.
Пред неколку дена беше објавена првата вест дека во саботата, на 28 мај, колумбиската пејачка наводно поради целата ситуација доживеала сериозен напад на анксиозност и дека морала да биде згрижена од медицинските служби во амбулантно возило, кое ја пренело во болница во Барселона.
Шакира објави соопштение за да ги увери фановите дека е добро откако фотографиите започнаа да се шират по социјалните мрежи. Објавувајќи на Твитер, 45-годишната поп-ѕвезда рече дека всушност брзата помош била за нејзиниот татко, кој сега се опоравува во болница.
-Само сакав да ве известам дека овие фотографии се од минатиот викенд (28-ми), кога татко ми за жал лошо падна и го придружував со возило на брза помош до болницата каде што сега закрепнува – напиша Шакира.
— Shakira (@shakira) June 4, 2022