„Она заслужува слобода“: Бројни славни личности ја поддржаа Бритни
Бројни славни личности јавно ја поддржаа Бритни Спирс, а меѓу првите се огласи нејзиното поранешно момче Џастин Тимберлејк.
Бритни Спирс прв пат се обрати на суд во врска со легалното старателство на татко и, поради тоа што тој имал целосна контрола врз нејзиното богатство од околу 60 милиони долари во последните 13 години.
Инаку, таа во своето излагање се осврна на повеќе други моменти од својот живот, при што нагласи дека легалното старателство наликува на трговија со бело робје и дека нејзиниот татко се мешал во сите сегменти од нејзиниот живот.
-После она што го видовме денес, сите треба да ја поддржиме Бритни во овој момент. Без оглед на нашето минато, добро и лошо, без разлика пред колку време беше тоа. Она што ѝсе случува едноставно не е правилно. Ниту една жена не смее никогаш да биде ограничена на донесување одлуки за сопственото тело – напишал Џастин Тимберлејк.
– Никој не смее да биде држен против негова волја … Или кога мора да побара дозвола за пристап до сè за што работел толку напорно – продолжи тој.
Многу други познати личности се огласија и на своите објави го додаваа хаштагот #FreeBritney.
-Те сакаме Бритни! Остани јака – напишала Мараја Кери.
We love you Britney!!! Stay strong ❤️❤️❤️
— Mariah Carey (@MariahCarey) June 23, 2021
– Немам зборови – напишала модната дизајнерка Вера Венг.
No words. #FreeBritney
— Vera Wang (@VeraWang) June 23, 2021
-Никој не смее да биде третиран вака. Остани јака кралице, заслужуваш подобро – својата поддршка и ја упатила и Клои Кардашијан.
No one should be treated like this. Stay strong Queen!! You deserve better ???✨? #FreeBritney
— Khloé (@khloekardashian) June 24, 2021
– Бритни заслужува слобода, таа заслужува да биде среќна – порача глумецот Џеси Тајлер Фергусон.
Britney deserves freedom. She deserves to reap the rewards of her years of hard work. Britney deserves to be happy. ❤️#FreeBritney https://t.co/GHQVHoSuMP
— Jesse Tyler Ferguson (he/him/his) (@jessetyler) June 23, 2021