Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Опра Винфри за слабеењето: „Сфатив дека слабите луѓе не ни размислуваат за храна“

Шоубиз

Опра Винфри за слабеењето: „Сфатив дека слабите луѓе не ни размислуваат за храна“

Опра Винфри (70) сними нова епизода од нејзниот подкаст „The ​​Oprah Podcast“. Во него таа разговараше за ефектите на лековите за слабеење врз телото со ендокринологот Ања Јастребоф, а откри и некои детали за нејзиниот процес на слабеење.

„Една од работите што ги сфатив првиот пат кога земав апчиња за слабеење беше дека сите овие години мислев дека слабите луѓе едноставно имаат поголема волја. Јадат подобра храна, полесно се држат до неа, никогаш не јадат чипс. Јас тогаш сфатив дека тие воопшто не размислуваат за тоа. Јадат само кога се гладни и престануваат кога се сити“, опишала Опра.

Маркетинг

На Инстаграм профилите на шоуто и на Опра беше објавен фрагмент од подкастот, каде што пристигнаа бројни коментари. Многумина се согласија со водителката и ги поддржаа нејзините одлуки, но имаше и критичари кои веруваа дека она што го кажа Опра не важи за сите луѓе.

„И слабите луѓе постојано размислуваат за храна, но се трудат да ги задоволат своите физички и ментални потреби на здрав начин, а не со земање лекови“, „Ова воопшто не е точно. Се работи за волја, придржување кон диета/рутина, а вие го правите тоа долго време“, „Само затоа што се приклучивте на нов тренд не значи дека треба да зборувате како вашето разбирање за реалноста да е конечно“, „Ова ме лути“, напишаа незадоволните луѓе.

За потсетување иако претходно негираше дека земала лек за слабеење, 70-годишната ТВ ѕвезда призна дека таа почнала да го користи и откри дека ослабела 20 килограми. „Не можев повеќе да вежбам. Не можев да се качувам побрзо или да трчам побрзо. Морав да јадам еден оброк на ден. Не можев да правам ништо друго“, објаснила таа.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.