Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Оскари 2024: Очекуван триумф на „Опенхајмер“ – освои седум награди, вклучително и за најдобар филм

Шоубиз

Оскари 2024: Очекуван триумф на „Опенхајмер“ – освои седум награди, вклучително и за најдобар филм

Филмот „Опенхајмер“ е апсолутен победник на 96-тото доделување на Оскарите.

Од 13 номинации за Оскар, филмот за „таткото на атомската бомба“ освои седум, меѓу другите за најдобар филм, режисер – Кристофер Нолан, најдобар актер – Килијан Марфи и најдобра споредна машка улога – Роберт Дауни Џуниор.

Филмот „Poor Things“ освои четири Оскари, вклучително и за најдобра женска главна улога – Ема Стоун, која го освои вториот Оскар во кариерата.

Наградата за најдобра споредна женска улога ја доби Да’Вин Џој Рендолф за нејзината улога во „The Holdovers“.

Иако имаше 10 номинации, филмот „Killers of the Flower Moon“ на Мартин Скорсезе не освои ниту една статуетка, додека „Барби“, филмот со најголема заработка во 2023 година, освои само една – за најдобра оригинална песна на Били Ајлиш и нејзиниот брат Финес.

Украина го доби првиот Оскар за најдобар документарен филм „20 Days in Mariupol“, а победник на меѓународниот филмски натпревар беше „The Zone of Interest“.

Наградата за најдобро оригинално сценарио ја доби филмот „Anatomy of a Fall“.

Со доделување на Оскарите во театарот Долби во Лос Анџелес се заврши овогодишната сезона на награди. Домаќин на церемонијата оваа година беше комичарот Џими Кимел – негова втора година по ред и четврта вкупно како водител.

Во продолжение, некои од победниците на Оскари 2024:

Најдобар филм – Oppenheimer

Најдобар актер во главна улога – Килијан Марфи (Oppenheimer)

Најдобра актерка во главна улога – Ема Стоун (Poor Things)

Најдобар актер во споредна улога – Роберт Дауни Џуниор (Oppenheimer)

Најдобра актерка во споредна улога – Да’Вин Џој Рендолф (The Holdovers)

Најдобра режија – Кристофер Нолан (Oppenheimer)

Најдобар документарец – 20 Days in Mariupol

Најдобар меѓународен филм – The Zone of Interest

Најдобра оригинална песна – What Was I Made for? (Barbie)

Целата листа на победници можете да ја погледнете тука.

 

 

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.