Шоубиз
Оскари 2024: „Опенхајмер“ со најмногу номинации
Академијата за филмски уметности и науки ги објави номинациите за овогодинешните Оскари.
Актерите Зази Биц и Џек Квејд ги објавија номинациитe за 96-тото доделување на Оскарите, кое ќе се одржи на 10 март 2024 година.
Изминатата филмска година ја одбележаа два филмски хита „Опенхајмер“ и „Барби“, кои доминираа на бокс офисот, заработувајќи повеќе од две милијарди долари на глобално ниво. Очекувано, „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доби најмногу, 13 номинации. Следува „Poor Things“ со Ема Стоун со 11 номинации, додека драмата на Мартин Скорсезе „Killers of the Flower Moon“ доби 10 номинации.
Летниот блокбастер „Барби“ заработи осум номинации.
Изненадувањата и оваа година не недостигаа, па Маргот Роби не беше номинирана за улогата во филмот Барби, а ниту Грета Гервиг не беше номинирана за најдобар режисер. Покрај тоа, Леонардо ди Каприо не беше номиниран за најдобар актер, а Бредли Купер не беше номиниран за најдобар режисер.
Оскарите ќе се одржат на 10 март во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, а домаќин на церемонијата по четврти пат ќе биде Џими Кимел.
Номинирани за најдобар филм
„Американска фикција“
„Анатомија на пад“
„Барби“
„Остатоците“
„Убијци на цветната Месечина“
„Маестро“
„Опенхајмер“
„Минати животи“
„Кутри нешта“
„Зоната на интерес“
Номинирани за најдобар режисер
Џастин Триет, „Анатомија на пад“
Мартин Скорсезе, „Убијците на цветната Месечина“
Кристофер Нолан, „Опенхајмер“
Јоргос Лантимос, „Кутри нешта“
Џонатан Глејзер, „Зоната на интерес“
Номинирани за најдобар актер
Бредли Купер, „Маестро“
Колмин Доминго, „Растин“
Пол Џамати, „Остатоците“
Килијан Марфи, „Опенхајмер“
Џефри Рајт, „Американска фикција“
Номинирани за најдобра актерка
Анет Бенинг, „Нјад“
Лили Гладстон, „Убијци на цветната Месечина“
Сандра Хулер, „Анатомија на пад“
Кери Малиган, „Маестро“
Ема Стоун, „Кутри нешта“
Целосната листа на номинирани може да ја видите тука.