Шоубиз
Оваа сабота на Телма – спектакуларен роденден на магазинот „Бекстејџ“ по повод 15 години
Со голема забава за многу домашни и регионални гости и црвен килим, ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“, на ТВ Телма, го прослави 15. роденден во Скопје евент центар.
По традиција, освен добра забава, гламур, муабет и пијачки, беа доделени награди во повеќе категории.
Еден од најемотивните моменти на вечерта беше кога ДНК, пеејќи ја „Ако утре ме нема“, на видео бимот се менуваа слики од познати уметници, многу македонски легенди кои не напуштија. Меѓу нив и Влатко Илиевски, првиот водител на „Бекстејџ“, кој заедно со Марјана Станојковска и со поддршката од тимот ја започна приказната во 2008 година.
На сцената, регионалните ѕвезди ги испочитуваа и гостите и екипата на „Бекстејџ“ со нивните хитови „Миљацка“ и со „9.000“. Во чест на легендата Гоце Николовски, Наум Петрески, Елена Велевска, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски, ја испејаа песната „Бисер Балкански“.
Оваа оригинална идеја наиде на воодушевување кај публиката.
Што ве очекува во сабота во 19.15 на Телма погледнете во видеото :