ПАПАРАЦО ФОТО: Џенифер и Бен уживаат во обновената љубов
Старо-новата љубов на холивудските ѕвезди повторно е под будното око на медиумите и обожавателите. Тие привлекуваат внимание каде и да се појават, а по обновувањето на врската тие не ја кријат среќата.
Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48) решија да го поминат викендот во кој Американците го слават 4 јули – Денот на независноста, во Хамптонс каде што Џенифер има куќа.
Таму папараците ги фатија на романтична прошетка.
Ден претходно, тие заедно со своите деца се забавувале во „Универзал студио“ во Холивуд. Џенифер ги донела 13-годишните близнаци Ема и Макс, а Бен го повел својот најмал син Семјуел (9).
За потсетување, некогаш популарниот од медиумите го доби името „Бенифер“, а медиумското внимание што сега го добиваат воопшто не им пречи. Овој пар не ја крие својата љубов, а по се судејќи, по 17 години повторно се заљубени како некогаш.