Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Парис Хилтон откри дека го доби првото дете од сурогат-мајка

Шоубиз

Парис Хилтон откри дека го доби првото дете од сурогат-мајка

Парис Хилтон пријатно ги изненади обожавателите откако во вторникот на 24 јануари објави како таа и нејзиниот сопруг Картер Реум станале родители.

41-годишната ријалити ѕвезда го доби првото дете со помош на сурогат-мајка, а Парис среќната вест ја објави на социјалните мрежи. На фотографијата која ја сподели со своите следбеници се гледа како го држи бебето за рака.

„Веќе си бескрајно сакан“, напиша богатата наследничка под слатката фотографија.

Парис за магазинот People потврди дека станала мајка на машко дете и рече дека тоа отсекогаш било нејзин сон.

– Отсекогаш ми беше сон да станам мајка и среќна сум што со Картер се најдовме еден со друг. Возбудени сме што заедно го основаме нашето семејство и срцата ни експлодираат од љубов за нашето момче.

Што се однесува до името на детето, тоа остана тајна. Парис не сакаше да открие повеќе информации за новата принова која е вистинско изненадување за јавноста бидејќи пред само два месеца, нејзината мајка сподели дека ќерка ѝ пробува да остане бремена, но со Картер имаат проблеми со неплодност.

Инаку, ова е прво дете на Парис, додека нејзиниот сопруг Kартер (41) веќе има ќерка со ријалити ѕвездата Лора Белизи, која наводно еднаш ја видел.

Доаѓањето на синчето и го честитаа голем број ѕвезди, меѓу кои Ким Кардашијан, Линдзи Лохан, Наоми Кемпбел, Миранда Кер, Деми Ловато, диџеј Тиесто и Хајди Клум.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.