Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пејачката Џеси Џеј ја сподели својата болка по загубеното бебе

Шоубиз

Пејачката Џеси Џеј ја сподели својата болка по загубеното бебе

Пејачката Џеси Џеј ја сподели својата болка по загубеното бебе

Во подолга објава, пејачката искрено зборуваше за неодамнешниот настан, кога на трет ултразвук дознала дека веќе нема чукање на срцето: „Се чувствував како да немам контрола над моите емоции“.

Пејачката Џеси Џеј (33) со своите 10 милиони следбеници на Инстаграм ја сподели веста која и го скрши срцето, дека изгубила бебе. Иако не откри колку долго е бремена, вели дека на третиот ултразвук дознала дека срцето на бебето повеќе не чука.

-Вчера изутрина се смеев со пријател, велејќи му: „сериозно, како ќе издржам утре на концертот во Лос Анџелес без да ѝ кажам на публиката дека сум бремена“. До попладнето, ме ужаснуваше помислата како ќе издржам на концертот без да се расплачам…Откако бев на мојот трет ултразвук и ми беше кажано дека повеќе нема отчукување на срцето. Ова утро, се чувствувам како да немам контрола над моите емоции. Можеби ќе се покајам што го објавувам ова, можеби не. Всушност, не знам – започна англиската пејачка.

-Она што го знам е дека сакам да пеам вечерва. Не поради тоа што го избегнувам процесот на тагување, туку затоа што знам дека пеењето вечерва ќе ми помогне. Имам одржано само 2 концерти во 2 години и на мојата душа ѝ е потребно ова. Денес повеќе отсекогаш. Знам дека некои луѓе ќе мислат дека треба да го откажам настапот. Но, во овој момент јасно ми е едно – започнав да пеам како мала од радост, да си ја исполнам душата и како еден вид терапија за да се сакам себеси, тоа не се има променето и морам да го процесирам ова на мој начин.

-Сакам да бидам искрена и да не кријам што чувствувам. Го заслужувам тоа. Сакам да бидам своја колку што можам да бидам во овој момент. Не само поради публиката, туку и за себе и за моето бебе, кое даде се’ од себе. Се познавам себеси и знам дека ќе зборувам за тоа на сцената , едноставно таква сум. Но, наместо емоционален говор полн солзи обидувајќи се да ја објаснам мојата енергија. Ова ми изгледа побезбедно.

Одлучив да имам бебе сама, затоа што тоа беше сè што посакував и животот е краток. Тоа што останав бремена беше чудо само по себе и искуство кое никогаш нема да го заборавам и знам дека ќе го искусам повторно. Сè уште сум во шок и тагата е огромна. Но, знам дека сум силна и знам дека ќе бидам ОК.

-Исто така, знам дека милиони жени низ светот ја имаат почувствувано оваа болка, и полошо од ова. Се чувствувам поврзана со сите вас кои ве познавам и сите вас кои не ве познавам. Па, ќе се видиме вечерва во Лос Анџелес. Можеби помалку ќе се шегувам, но моето срце ќе биде таму со вас. – ја заврши својата емотивна објава

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.