Пејачот и глумец Мит Лоф почина на 74 години
Легендарниот пејач и добитник на „Греми“ Мит Лоф, роден како Марвин Ли Адеј, почина во четвртокот вечерта на 74-годишна возраст.
– Срцата ни се скршени затоа што мораме да објавиме дека неспоредливиот Мес Леф вечерва почина окружен со сопругата Дебора, ќерките Перл и Аманда и блиски пријатели – стои во соопштението на неговата официјална Фејсбук страница.
– Знаеме колку многу ви значеше и ја цениме сета ваша љубов и поддршка додека поминуваме низ сета оваа тага поради загубата на еден инспиративен уметник и прекрасен човек – пишува во продолжението на објавата.
Пејачот многумина ќе го паметат по хитовите „I’d Do Anything for Love“ и „Two Out of Three Ain’t Bad“. Неговиот албум „Meat Loaf’s Bat Out of Hell“, напишан од Џим Стајнман, е меѓу 35-те најпродавани албуми во историјата на САД, продаден во 14 милиони примероци. Исто така јавноста го памети и по неговите споредни изведби во „The Rocky Horror Picture Show“ и „Fight Club“.