Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пејачот Ар Кели прогласен за виновен за изнудување и сексуална експлоатација

Шоубиз

Пејачот Ар Кели прогласен за виновен за изнудување и сексуална експлоатација

Пејачот Ар Кели прогласен за виновен за изнудување и сексуална експлоатација

Американскиот ар-ен-би музичар Ар Кели беше прогласен за виновен за изнудување, секс-трговија и злоупотреба на малолетнички.

Поротниците на федералниот суд во Бруклин размислуваа повеќе од еден ден пред да гласаат за да го осудат 54-годишниот Кели по сите девет точки од обвинението.

Поротата составена од седум мажи и пет жени, го прогласи музичарот Ар Кели за виновен по судењето во кое обвинителството го претстави како безмилосен предатор кој злоставувал млади девојки.

Кели е обвинет дека ги искористувал своите слава и богатство за да намамува жртви, најчесто ветувајќи им музичка кариера. Неколку од жртвите кои сведочеле изјавиле дека биле малолетни кога имале секс со него. Тој често ги наоѓал жртвите на своите концерти со помош на своите менаџери и помошници, кои му помогнале на пејачот „да ги запознае девојките и да ги држи послушни и тивки“, што се претворило во криминално дејствие.

Пејачот се соочува со повеќедецениска затворска казна што ќе му биде соопштена на 4 мај.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.