Шоубиз
Пет години по разделбата: Џенифер Анистон на вечера со поранешниот партнер
Холивудската актерка Џенифер Анистон и поранешниот сопруг Џастин Теру повторно се сретнаа на вечера во саботата навечер, во Њујорк, пренесуваат американските медиуми.
Поранешниот пар, кој остана во пријателски односи по распадот на нивниот брак во 2018 година, уживаше на вечера заедно со нивните пријатели, актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка.
Имено, 54-годишната Џенифер и 51-годишниот Џастин биле видени како се прегрнуваат пред да седнат еден спроти друг во ресторанот „II Cantinori“. Актерката го напушти ресторанот со црвена роза во раката, а носеше црн кардиган и панталони во истиот стил, како и чизми и чанта во иста боја.
Да потсетиме дека Џастин и Џенифер ја започнаа својата врска во мај 2011 година, а заедно работеа и на филмот „Wanderlust“ од 2012 година. Истата година, поточно на 10 август ја објавија свршувачката. Тие беа во брак од 5 август 2015 година додека не објавија дека се разделуваат на 15 февруари 2018 година.