Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Петар Грашо стана татко: Се породи Хана Хуљиќ, девојчето ќе добие необично име

Шоубиз

Петар Грашо стана татко: Се породи Хана Хуљиќ, девојчето ќе добие необично име

Петар Грашо (45) стана татко по првпат. Неговата сопруга Хана Хуљиќ (31) се породи во неделата (17.07) во болница во Сплит.

Познатиот хрватски пејач годинава се ожени со својата избраничка, четиринаесет години помладата Хана, а сега нивното домаќинство стана побогато за еден член. Претходно во медиумите беше објавено дека брачната двојка веќе избрала име за девојчето и дека ќе се вика Алба.

Бебето требало да пристигне на 23 јули, но се чини дека подранила неколку дена.

Девојчето Алба е родено во 18 часот со царски рез неколку дена пред терминот за породувањето во болница во Сплит.

-Сè помина во најдобар ред. Бебето е тешко 3100 грама и долго 50 сантиметри. Се роди здрава и весела, а мајката се чувствува добро– рекла претставничка на Грашо за медиумите.

За потсетување, Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа во Сплит на 19 февруари, во црквата Свети Доминик, опкружени со семејството и блиските пријатели.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.