Шоубиз
Пети Смит наместо Боб Дилан на доделувањето на Нобеловата награда
Поетесата и пејачка Пети Смит (69) ќе пее песна од Боб Дилан (75) утре во Стокхолм, каде на Дилан треба да му биде врачена Нобеловата награда за литература.
Пети Смит ќе ја пее неговата песна „A Hard Rain`s A-Gonna Fall“, откако Дилан соопшти дека нема да може да присуствува на доделувањето на наградата.
Според традицијата, добитникот на Нобел во рок од шест месеци треба да одржи предавање на темата поради која ја добива престижната награда, но Дилан и порача на Шведската академија дека сепак ќе напише само говор. Се уште не се знае кој ќе го прочита говорот.