Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пике снимен како ја слуша Шакира во автомобил, додека таа прави се за да го добие старателството над синовите: Еве што му понудила на Пике

Шоубиз

Пике снимен како ја слуша Шакира во автомобил, додека таа прави се за да го добие старателството над синовите: Еве што му понудила на Пике

Фудбалерот на Барселона Жерард Пике (35) и пејачката Шакира (45) неодамна ги потврдија шпекулациите за крајот на нивната врска. Тие беа заедно скоро 12 години, а во изјава за медиумите Шакира зборуваше во свои име и во името на Жерард и побара да продолжи да се почитува нивната приватност.

Сепак, секој нивни потег се следи, а сега навивачите го снимиле фудбалерот како заминува со автомобил по тренингот на неговиот клуб Барселона. На видеата може да се види дека Пике е замислен и сериозен и не сака да ги гледа камерите и насобраните фанови.

Но, она што најмногу привлече внимание е музиката што ја слуша. Имено, на снимките може да се слушне песната на Шакира ‘Inevitable’.

@carmonaa.23

Pique escuchando a shakira??#carmonaa23 #paratii #fyp #tiktokindia #bcn #tiktok #tiktoker #tiktokespaña #parati #fcbarcelona #gaeltonto #pique #shakira

♬ sonido original – carmonaa23

-Не мораш тоа да го кажеш, нема да се вратиш, те познавам добро –  е само еден од стиховите во оваа песна

„Каква одлична песна“, извика еден фан кој го објави видеото на својот профил на TikTok, каде што собра повеќе милиони прегледи.

Двојката е заедно од 2011 година, а се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна „Waka Waka“ за Светското првенство во фудбал претходната година. Иако никогаш не се венчаа, Шакира и Жерард во текот на нивната врска добија два сина, Милан (9) и Саша (7).

Шакира сака што побрзо да ја напушти Барселона и да се пресели во Мајами, Америка. Затоа ангажирала тим од адвокати за да го забрза процесот за таа како мајка да го добие старателството над своите синови. Шакира наводно му испратила понуда на Пике да го убеди да се предомисли и да и го даде старателството без судски спор, за таа и нејзините синови да се иселат што е можно поскоро.

Според споменатата понуда, тој не би морал да плаќа алиментација, а децата би можел да ги посетува пет пати годишно со покриени патни трошоци, а таа наводно му понудила 2.000.000 долари за да го плати даночниот долг што го има кон Шпанија.

Сепак, фудбалерот одбил се што е понудено и решил правдата да ја бара на суд.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.